1 февруари 1940 -Родена Ленка Попоска-Гогоска-педагог, професор и автор

1262

Годините се само бројка за оние што ги бројат, но се суштина за оние кои животот го посветуваат на тоа што е највредно а тоа се децата, воспитувањето, обрзованието, а покрај тоа оставаат вредни авторски траги.

Ленка Гогоска (родена Попоска) на 1.февруари 1940 година во село Битуше, Западна Македонија тогашна Дебарска околија, како последно дете во многудетното семејство на учителот Исаија Попоски, познат во тој дел на Македонија по тоа што бил првиот образован учител и ги отворил и првите училишта во кои се описменувале и женски деца.

Детството до своја 12 годишна возраст го поминува во родното село, за потоа да се пресели во Скопје каде завршува основно и средно образование-Учителска школа. По завршувањето е распределена да биде учителка во селото Пожаране, Гостиварско, високо во планината Шара. Таму остава трага во описменување на ученици во мешани паралелки од 1-во до 4-то одделение и затоа сеуште ја паметат и споменуваат.

По неколку години доаѓа во родното село и учителствува една година за потоа да се префрли во Гостивар каде од 1960-та до 1974 година работи како учителка а паралелно ги завршува Педагошката Академија и Педагошкиот факултет.

Својот професионален век го продолжува во тогашниот Меѓуопштински завод за основно образование на град Скопје ,  каде со своите програми и ангажмани придонесува за рапиден развој на образоанието во еден подолг период а највредното дело што го објави е „Развојот на основното образование во Скопје од 1944-1984 година“ . Со стекнување на  повисоко научно звање почнува да предава на Педагошкиот факултет се до своето пензиониирање.

Илјадици описменете деца, образовани млади се во нејзината богата воспитно-образовна  биографија во Македонија.

Во меѓувреме го формира Книгоиздателството „Ѕвезда“ а самата се остварува покрај како издавач и како автор, во над 20 Педагошки дела меѓу кои учебниците „Педагогија“ и „Дидактика“.

Пишува и белетристика  а нејзината трилогија романот „Клуч“ долго во 90-тите години беше на врвот на најчитана белетристика во Македонија. Преведува дела од српски и хрватски а објавува и збирки раскази и поезија. Нејзините засега последни обајвени дела  ги посветува на највредното за неа во животот емпатијата, љубовта и несебичноста.

Живее во Скопје радувајќи се на двете ќерки, внуците кои бескрајно ги сака и од пред две години се стекна со највредното животно звање, стана прабаба прво на правнуката Петра а потоа и на правнукот Денко. И сеуште неуморно твори, чекајќи ги следните правнуци и се бори во секој ден од животот за да и биде вреден за почит, додека секој миг тагува за тоа што не и се исполни желбата да остаре заедно со човекот кого бескрајно го почитуваше и сакаше, нејзиниот сопруг Алимпије.

За Среќен  80-ти роденден, мајко

Татјана Гогоска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.