11 мај 1946- Повторно отворена Миланската скала

232

Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини , повторно е отворена Миланската Скала. Изградена е во 1778 г. од Џузепе Пермарини и собира 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали-Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала , која се наоѓала на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана.

Скала ( Teatro alla Scala или La Scala) — театар во Милано  е една од најпознатите оперски куќи во светот. Отворен е на 3 август 1778 г., откако претходниот бил уништен од пожар.

Оперската сезона традиционално започнува на денот на Св. Амброзиј, патронот на Милано. Сите претстави мораат да завршат пред полноќ, затоа долгите опери почнуваат и порано. Влезот не е дозволен откако ќе започне претставата. Музејот Ла Скала е сместен во истата зграда и содржи вредна колекција на слики, цртежи, статуи, костими и документи поврзани со операта и историјата на театарот Ла Скала.

Театарот е домаќин и на Академијата на изведувачки уметности, чија цел е да ги образова младите музичари, технички персонал и танчери.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.