12. јуни 1929 – Родена е Ана Франк, холандска Еврејка жртва на холокаустот

1519

12 јуни е 163-тиот ден во годината според григоријанскиот календара (164-ти во престапна година ). Остануваат 202 дена до крајот на годината.

На овој ден е родена познатата Еврејка со холандско потекло, која со нејзиниот запишан Дневник приказната за холокаустот на Евреите ја запиша и ја пренесе на милиони луѓе низ светот.

Анели Мари или Ана Франк е родена на 12 јуни 1929 година, во Франкфурт на Мајна. Нејзиното семејство во 1933 година се преселува во Амстердам, каде Ана го помина поголемиот дел од нејзиниот прерано завршен живот и каде што тие ја дочекаа нацистичката окупација на Холандија. Од 1942 година семејството Франк се крие во деловната зграда во која пред војната работеше таткото на Ана, Ото Франк . Личноста која им помагаше во снабдувањето со намирници и скривалиште и која стана позната по своето добродетелство ширум светот беше Мип Гиз. 

Дневник кој Ана го добила за 13 роденден всушност бил автограм книгичка, но Ана одлучила да го користи како дневник. Откако ја исполнила ваквата книшка, напишала уште два бележника, па „наполнила“ 360 листа хартија со своите мисли. Повеќето текстови ги пишувала во облик на писма за лицето наречено Кити. Некои веруваат дека Кити е пријателка на Ана од пред војната – Кејт „Кити“ Едиги, додека други веруваат дека станува збор за име од нејзината омилена книга „Joop ter Heul“ во која пријателката на главниот лик се вика Кити.

Kнигата е преведена на 67 јазици и е еден од 35-те предмети вклучени во регистерот на светското сеќавање на УНЕСКО.

„Се надевам дека ќе можам да ти кажам се` што никогаш не сум можела да кажам никому, и се надевам дека ќе ми бидеш извор на поддршка и комфор.“ Ова е првиот запис во Дневникот на Ана Франк. Таа го напишала на 12-ти јуни, 1942 на нејзиниот 13-ти роденден.
Ана стана глас на шест милиони Евреи, жртви на Холакаустот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.