Почетна ВРЕМЕПЛОВ 13 април/ 1898- Откриен радиумот од Марија Склодовска-Кири/ 1913- Во Битола одржана...

13 април/ 1898- Откриен радиумот од Марија Склодовска-Кири/ 1913- Во Битола одржана првата кино претстава

5

На 13 април 1898 година Француската академија на науките објавила дека Марија Склодовска – Кирихемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.

Марија Саломеа Склодовска – Кири (полски и францускиMarie Salomea Skłodowska Curie7 ноември 1867 – 4 јули 1934) — полско-француски физичар и хемичар. Таа е пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува првиот двократен добитник на Нобеловата награда (единствена жена) и единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката – физика и хемија. Таа, исто така, е првата жена што била поканета да предава на Универзитетот Сорбона во Париз. Родена е во Варшава, но во 1891, на возраст од 24 години, се преселува во Франција да студира природни науки во Париз. Таму ги добива сите свои универзитетски дипломи и ја развива својата научна кариера, со што станува натурализиран граѓанин на Франција. Основач е на институтите „Кири“ во Париз и во Варшава.

 

На 13 април во 1913 година Општинскиот театар во Битола ја одржал првата кинопретстава.  Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.

Подоцна станал НУ Битолски народен театар — македонски театар, со статус на национална установа и најстар театар во Македонија . Седиштето на театарот е во Битола .

Битолскиот народен театар е основан на  14 ноември 1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“. Првите членови и основачи на театарот биле: Јорго ЦацаВера ВучковаДимче СтефановскиАцо СтефановскиМери БошковаСимо ГеоргиевскиСлавче МатевскиГеорги Карев и Јован Бејко.[1] Од 1980 година, театарот работи во нов објект.

metropolis-big