13 август 1961-Затворена границата меѓу Источен и Западен Берлин

1566


На 13 август Властите на Источна Грманија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Браденбуршката порта  и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западен Берлин. Ѕидот е урнат во ноември 1989 година, по што Германија  повторно се обединува.

Берлинскиот ѕид (герм. Berliner Mauer) бил изграден во 1961 година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин

кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Sидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и Железната завеса.

 

Sидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961. Ненадејната градба на ѕидот предизвикала многу семејства да останат поделени. Sидот бил целосно урнат кон крајот на 1989, освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време. Во текот на 28-годишната поделба, најмалку 136 луѓе биле убиени од граничните единици на Источна Германија обидувајќи се да пребегнат во Западен Берлин. Некои тврдат дека таа бројка изнесува повеќе од 200. Источногерманската власт им дала наредба на граничарите да пукаат на бегалците.

Кога на 9 ноември 1989, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачувале и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна. Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот биле искорнати од одушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно бил отстранет со градежна механизација.

Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври 1990. година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.