14. јануари 1906- Роден Васил Хаџиманов,македонски етномозиколог и педагог

19

На 14 јануари 1906 во Кавадарци е роден Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог.

По завршувањето на основното образование во родниот град, учел во Гимназија во Велес и Скопје, а подоцна студирал на Правниот и Филозофскиот факултет во Белград. Во 1935 година магистрирал фармација во Загреб. Дотогаш неколкупати ја посетувал музичката школа во Белград но, и покрај големата желба, не успеал да ја заврши. Сепак, во 1955 година дипломирал на музичката група на Педагошката академија. Меѓу најзначајните негови дела спаѓаат „Зборникот на македонски народни песни“, „Соборски народни песни“, „Македонски борбени народни песни“ и „Моми тиквешанки“. Освен што бил заслужен за собирањето и пропагирањето на македонскиот фолклор, се интересирал и за неговите карактеристики, за што сведочат големиот број на реферати и научни студии.

Освен што бил познат како пасиониран истражувач кој постојано бил во потрага на националното музичко богатство на Македонија, тој бил и колекционер на околу 8.000 македонски народни песни и ора, од кои 5.000 биле средени во зборници, а 700 од нив биле албански. За својата дејност добил бројни признанија и награди, меѓу кои наградата на Владата на НР Македонија , а бил член и на здружението на етномузиколозите во Њујорк, како и Интернационалното здружение на музичките фолклористи во ЛОндон.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.