15.декември 1945-Одржан Прв симфониски концерт на Македонската филхармонија

456
Новоизградениот објект на Македонската филхармонија

Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија го оддржал својот прв симфониски концерт.

Симфонијата е оркестарско дело со цикличен облик што им дава можност на изведувачите да ги претстават своите исполнителси можности. Симфонијата е составена од 4 става,3 или повеќе. В. А. Моцарт напишал 53 симфонии, Л. В. Бетовен 9, Ј.Хајдн 104 симфонии, 6 симфонии П. И. Чајковски, Ф.Шуберт 8, А.Брукнер 9 симфонии и др.Симфонија е исто така проширена музичка композиција во западната класична музика, најчесто наменета за оркестри или духовни орекестри. Симфонијата начесто содржи најмалку еден став или епизода кој е составен во согласност со принципот на сонатата.

Македонска филхармонија — единствениот симфониски оркестар во земјата. Од основањето до денес, оркестарот игра важна улога на полето на музичката уметност  во Македонија и како претставник на домашната класична музика во странство. Со него раководеле истакнати македонски и странски диригенти  и настапувале видни солисти. Гостувала во разни земји во Европа, како и Средна и Латинска Америка.

Има широк репертоар од симфониски, вокално-инструментални и камерни дела од класичното, современото творештво од домашни и странски композитори. Во склоп филхармонијата повремено работи и камерен оркестар.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.