16 април 1889 роден е Чарли Чаплин британско-американски филмски глумец и режисер

111

Сер Чарлс Спенсер Чаплин, познат како Чарли Чаплин, (16 април 1889 – 25 декември 1977) бил истакнат англиски комичар, режисер и композитор во времето на немиот филм. Пред крајот на Првата светска војна бил еден од најпознатите филмски ѕвезди кој користел мимика, фарса и други техники на визуелна комедија  кои котирале високо и во времето на тонфилмовите, но при крајот на 1920 бројот на неговите филмови  значително се намалил. Негова најпозната улога е таа на „Скитникот“ (The Tramp)”, која најпрво ја играл во комедијата “Детски трки во Венеција ( англиски  “Kid Auto Races At Venice”), снимена во студиото Кејстон (Калифорнија) во 1914 година. По снимањето на “Дваесет минути љубов” ( Twenty minutes of Love), во април 1914, Чаплин ги напишал и режирал повеќето свои филмови, од 1916 ги продуцирал, а од 1918 и компонирал музика  за нив. Toј во далечната 1919 година, во соработка со  Мери ПикфордДаглас Фербенкс и Д.В. Грифит го основале филмското студио Јунајтед Артистс.

Чаплин е еден од најкреативните и влијателни ликови од ерата на немиот филм. Силното влијание на неговиот претходник, францускиот комичар Макс Линдер, кому му посветил и еден свој филм е видливо во неговата работа. Неговата кариера која започнала на сцената на Мјузик Хол, Велика Британија, била прекината поради неговата смрт на 88 годишна возраст, после 75 години поминати на сцена. Контраверзноста била секогаш присутна како и во неговиот јавен така и во неговиот приватен живот. Во времето на Мек Картни, при крајот на 1950 година поради неговите “левичарски” политички аспирации, Чаплин бил принуден да се пресели во Европа.

Во 1999 година, Американскиот филмски институт, го назначил Чаплин како десетта најголема машка филмска легенда на сите времиња. Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин “единствениот гениј на филмската индустрија

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.