16 јули 1054-Големата Шизма (раскол) и поделба на христијанството на католици и православни

3430

 

Големата Шизма или Големиот Раскол -разделување, познат како Источно-Западен Раскол, е настанот што го поделил Халкедонското христијанство на католицизам и православие .Терминот „Големата Шизма“ понекогаш се однесува на Западната Шизма. Расколот помеѓу Рим и Константинопол датира од 1054 кога Папата Лав IX и патријархот  Михаил I се разделуваат еден од друг во црквата.

Христијанство —монотеистичка религија  заснована врз животот, учењата и делата на Исус Христос, според раскажувањата во Новиот Завет.

Со 2,5 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потеклото, таа е сродна со јудизмот со кој дели религиозни текстови и својата рана историја; поточно, заеднички за двете религии се Хебрејската Библија , која во христијански контекст е позната како Стар Завет. Христијанството се смета за аврамска религија , заедно со јудизмот и исламот.

Една суштествена разлика меѓу двете цркви, е и фактот што за разлика од Источно-православната црква, чиј врховен поглавар ( Вселенски патријарх) може да биде само Грк по народност (и тоа, според постојните турски закони, само доколку е роден во Турција), во Римокатоличката црква Папата, може да биде од било која народност.

Православието (или ортодоксијата) е христијанско верско учење (дел од христијанството), најбројна христијанска црква по католичката. Го разработува животот и делото на Исус Христос, како и на неговите дванаесет апостоли, односно Новиот Завет од Библијата-Сетото писмо. Православните верници веруваат во Света Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух, како и во мајката Божја.

Православните Христијани се крстат со три прсти по три и тоа во името на Отецот (челото), Синот (под стомакот) и Светиот Дух (десната и левата страна на градите), амин.

Дел од Православните Христијани ги почитуваат и слават верските празници според ЈУлијанскиот календар, односно 14 дена поназад од католиците. Вселенската Патријаршија, Александриската Патријаршија, Антиохијската Патријаршија, Романската Патријаршија, Бугарската Патријаршија, и црквите во Грција, Албанија, Чешките и Словачките Земји, Полска, и Северна Америка го почитуваат Реформираниот Јулијански Календар, додека црквите во Ерусалим, Русија (вклучувајќи ги и Украина и Белорусија), Србија, Македонија и Грузија слават по Стариот Јулијански Календар.

Православна македонска црква

Земји со најбројно православно население во Европа се: Русија (и неколку држави од поранешниот СССР како Украина, Белорусија, Грузија и Ерменија) Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Молдавија, дел од Албанија, Босна и Херцеговина и некои други земји надвор од Европа со православна христијанска заедница како Египет, Етиопија во Африка, Јапонија и Кина во Азија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.