17 ноември 1991 , усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
Устав на Македонија — највисок правен акт со кој се дефинира државното уредување на Македонија.
Членовите на Уставот се поделени во неколку глави:
- Основни одредби
- Основни слободи и права на човекот и граѓанинот
- Организација на државната власт
- Уставен суд на Република Македонија
- Локална самоуправа
- Меѓународни односи
- Одбрана на републиката, воена и вонредна состојба
- Измена на уставот
- Преодни и завршни одредби
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија
Во член 8 став 1 од Уставот се дефинирани темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија:
- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот;
- слободното изразување на националната припадност. Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа;
- владеењето на правото;
- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
- правната заштита на сопственоста;
- слободата на пазарот и претприемништвото;
- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
- локалната самоуправа;
- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
Извор :Википедија на макеоднски јазик
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.




































