17 април- Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на избори во 1977

959

17 април, е 107-от ден од годината според грегоријанскиот календар (108-ми во престапна година).Остануваат 258 денови до крајот на годината.

Настани кои го одбележуваат овој ден низ историјата

Најстариот запишан е од 1492 година кога Изабела I Кастиљска и Кристофер Колумбо склучиле Договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот.

Во 1941-ва година после нападот на Белград на 6 април, Кралството на Југославија капитулирало пред воената агресија на Силите на Оската во Втората Светска војна.

1946 година, на овој ден последните Француски војници ја напуштиле Сирија која стекнала независност.

17 април 1961 година,запишан во историјата како ден на Инвазија на Свињите во Заливот: 1511 кубански бегалци во САД  ,обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро, обид кој е запишан како неуспешен.

Во времето на цврстиот комунизам, 17. април е забележан по ден која Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чекословачка во 1979-та година.

Тешко оштетениот модул наракетата „Аполо 13“, безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж токму на 17 април 1970 година.

Следната 1971 на овој ден излегол првиот самостоен музички албум на Пол Макартни „Мc Cartney”.

Во 1975 на 17 април Војската на Црвените Кмери го зазеле Пном Пен .

Еден од податоците за овој ден вели дека во 1977 година жените во Линхештајн добиле право на глас на Избори.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.