2 ноември 1936- Телевизијата почнува да го освојува светот

На 2. ноември 1936, телевизијата почнува да го освојува светот. Во ист ден на светско ниво, формирана е Канадската радиодифузна корпорација, национална радио и телевизија на Канада која постои и денес (СВС).

Во Европа, пуштен е во работа телевизискиот сервис на британската радиодифузна коропорација Би-би-си (ВВС). Телевизискиот канал, под името ВВС1 функционира до денес.

Британската радиодифузна корпорација (Би-би-си) е Британска јавна радиодифузна  корпорација со седиште во ЛондонОбединетото Кралство. Таа е најголемата радиодифузна корпорација во светот со околу 23000 вработени лица. Главна одговорност е делумно да обезбеди јавен радиодифузен сервис во Обединетото Кралство, Каналските Острови и островот Ман. Би-би-си е полуавтономен јавен радиодифузен сервис кој работи во рамките на Кралската повелба, со добиена лиценца и договор од Министерството за внатрешни работи. Надвор од Велика Британија, Би-би-си обезбеди услуги со договорите за директно емитување и реемитување на радиото, се од отворањето на Би-би-си империјата за услуги во декември 1932 година, а од неодамна и со телевизијата и со интернетот. 

Извор -Википедија на македонски јазик

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.