23 септември -Есенска рамноденица

10

23 септември — 266-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (267-и во престапна година). Остануваат 99 денови до крајот на годината.

Во астрономијата – вообичаената дата на која настапува есенска рамноденица (првиот ден на есента) на северната полутопка, односно пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на јужната полутопка.

Рамнодненица или рамнодневица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти, и се случува двапати годишно, на почетокот на пролетта и на есента.

Приказ на Земјините годишни времиња гледано од северната полутопка. Крајно десно е декемвриската краткодневица.

Годишните времиња се предизвикани од закосувањето на Земјината оска во однос на вртежната рамнина околу Сонцето. Ова закосување изнесува околу ±23,44° во однос на вртежната рамнина, па така, половина година, приближно од 20 март до 22 септември, северната полутопка е поизложена кон Сонцето со максимум околу 21 јуни, а другата половина од годината јужната полутопка е поизложена на Сонцето, со максимум околу 21 декември.

На рамнодневицата која се случува околу 20 март на северната полутопка настапува пролетта, а на јужната есента; обратно, на 22 септември на северната полутопка настапува есента, а на јужната пролетта.

Двата моменти кога Сонцето е точно над екваторот (кога оската на вртење на Земјата е нормална на вртежната рамнина) се викаат рамнодневица.

Во астрологијата – првиот цел ден на хороскопскиот знак вага.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.