24 мај- Ден на големите просветители и учители светите Кирил и Методиј

1037

Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј е државен празник во Македонија на 24 мај , во чест на Светите Кирил и Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата.  Денот на македонските светители е прогласен за државен празник во Македонија а прв пат бил одбележан на 11 мај 1860 во Црквата Св. Богородица во Скопје .

На 24. мај Солунските браќа ја започнале познатата Моравска мисија.

Свети Кирил Солунски или Константин Филозоф заедно со својот постар брат   Методиј се основоположниците на словенската писменост а оттаму и словенската култура . Покрај тоа Методиј бил и учител, свештеник и епископ, кој поради неговата мудрост и дејност заедно со брата си биле нарекуваат „Еднакви со Апостолите“.

Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј не тргнал по стапките на својот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својат епоха. Родителите  Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта, во кои учеле само деца од богати семејства

Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Македонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, зошто главно се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методиј. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на византиска страна во борба против агресивните Бугари. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу словените по текот на Брегалница била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука – глаголицата. Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други пак според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште 6. Уште додека дејствувал меѓу Словените по Брегалница, а особено градот Равен, кој исто така лежел на ова река, според податоци од зачуваните читија, Константин Филозоф покрстил 54000 непокрстени Словени, а исто така им напишал и книги на словенски јазик.

На тој начин во овој дел на Македонија Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската За животот и дејноста на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата „ Панонски легенди“, „Климентовото житие“ од Теофилакт, „Климентовото житие“ од Хоматијан, „ О писмених“ од Црноризец Храбар.

“Панонски легенди“ е најстарото оригинално дело од нашата (словенската) средновековна литература. Составено е од два дела: Житие на Кирил и Житие на Методиј. Во нив е опишан животот на двајцата создавачи на словенската писменост. Во врска со авторството на житијата има различни мислења, од кои се издвојуваат две:
1. Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а на Методиевото Климент Охридски;
2. Дека автор на двете житија е Климент Охридски.

Св. Методиј Солунски ( 825-Моравија -6 април 885 ) — сесловенски просветител и постар брат на Константин Филозоф (Кирил).

Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на старословенски најпотребните богослужбени книги и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станаа најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура.

Со само 20 години Методиј, син на богатото семејство на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во византиската армија  и веќе бил познат и на царскиот двор во Цариград . Бил споредуван со Самсон (според силата) и Исус Навин (со решителноста) која ја имал на бојното поле и бил награден од царот со војводски чин и го именувал за кнез во брегалничката област во 845 година.

Брегалничката мисија на Методиј била да воспостави ред и да го наметне духовното и кулутурното влијание на Византија кај Словените-Струмјани, од источните краеви на Македонија.

Активноста на Методиј била насочена пред се кон воспоставување и зацрвстување на врските со Струмјаните, но не со силата на мечот туку преку придобивањето на ова моќно словенско племе. Долгогодишната работа на Методиј во овие краишта резултирала со издавањето на т.н „ Закон судњиј људим“ воен законик напишан на словенски јазик со грчки букви. Законикот претставува првиот словенски пишан споменик во историјата.

Двајцата Солунски браќа од мајка Марија -Македонка и татко Лав , останаа основоположници на словенската писменост, оттаму на македонската азбука и јазик во многу малку изменета  форма, која ја користиме во Македонскиот јазик. Нивната голема Моравска мисија е основа на описменувањето на Словените и во Србија, Романија, Чешка и Русија.

Присвојувањето со лажни историски факти на Бугарите на двајцата браќа просветители Кирил и Методиј, доведува до заблуди и невистини во историските факти за нивното потекло, постоење на нивната писмена мисија. За Бугарите и во Житијата на двајцата големи просветители и светци стои дека: „Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат Методиј во придобивањето на немирните Струмјани кои живееле во Источна Македонија  на византиска страна, во борба против агресивните Бугари ! Агресијата од Бугарска страна кон Македонија и македонскиот народ продолжува ! Но, пред фактите и Боговите молчат!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.