26 август 1972- Во Минхен беа отворени најтажните Олиписки игри

14

Отворени се Дваесетиите олиписки игри во Минхен – Германија кои во историјата, останаа засенети поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и убиството на 11 израелски спортисти.

Минхенскиот масакар се случил на 5 септември 1972 во Минхен, за време на одржувањето на 20. Летни олимписки игри. Група од 8 Палестинци поврзани со терористичкото движење Црниот септември влегла во Олимпиското село, при што киднапирале 11 израелски спортисти. Во текот на 18-часовната заложничка драма, во неуспешниот обид на германската полиција да ги ослободи заложниците, биле убиени сите заложници и петмина од грабнувачите. Од останатите грабнувачи, уште двајца биле убиени подоцна, веројатно од Мосад, а единствениот преживеан се верува дека е Џамал Ал-Гашеи кој и денес живее скриен на непозната локација. По овој настан, целата израелска олимписка делегација ги напуштила игрите.

Во знак на одмазда, на 10 септември Израел ги нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.

Оштетата од ваквиот грозоморен чи дури после 50 години, годинава е досудена на семејствата на убиените израелски спортисти.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.