26 октомври 1689- По наредба на Пиколомини, австриската војска го запалила Скопје

Од Zeitgenössischer Kupferstich (1594) — Wiki MK, Јавна сопственост, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=11663571

Палежот на Скопје — настан што се случил за време на Големата турска војна, во кој скоро цело Скопје, било опожарено од страна на хасбуршките сили. Палежот на градот траел од 25 до 27 октомври 1689  година.

По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини , австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти.

Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.