Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.
Алфред Бернхард Нобел (21 октомври 1833 — 10 декември 1896) — шведски хемичар, инженер, пронаоѓач и производител на оружје. Тој е пронаоѓачот на динамитот. Нобел го поседувал и Bofors кој го пренасочил од неговата претходна и примарна улуга на производител на железо и челик во голем производител на топови и друго оружје. Нобел патентирал 350 различни патенти, од кои динамитот бил најпознат. Тој го искористил своето богатство за посмртно да ги основа Нобеловите награди.[2][3] Вештачкиот елемент „нобелиум“ е именуван по него.[4] Неговото име опстојува во современите компании како што се Dynamit Nobel и Akzo Nobel, кои се потомци на компаниите што самиот Нобел ги основал.
Извор: Википедија на македонски јазик




































