5. јануари 911 -Се упокоил Свети Наум Охридски Чудотворец

1203

Свети Наум Охридски Чудотворец  – средновековен словенски научник, пиател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета.

Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, тој учествувал во Моравската мисија , а го ширел христијанството и во Панонија,Девол,Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во Првото бугарско царство, каде го поминал остатокот од својот живот. Првично тој живеел во престолнината Велики Преслав, каде се приклучил во работата на Преспавската книжевна школа. Подоцна Наум заминал во  Охрид, каде му се приклучил на св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.

Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа, каде работел како учител од 886 до 893  година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата Кирил и Методиј, во  893 година, кога Климнт бил назначен од бугарскиот цар Борис I за словенски епископ во Дрембица и Велика , на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во 900 година се повлекол во манастирот посветен на свети Архангел Михаил. Во манастирот, св. Наум собрал големо монашко братство.

Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црквенословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медиција и толерантно ги водел црковните работи.Заради многуте чуда го нарекуваат Чудотворец , а 5 јануари се слави како ден св Наум-Зимски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.