6.октомври 1889 Томас Едисон го прикажал неговиот прв филм а подоцна го изградил и првото филмско аталје во светот

690

На 6. октомври 1889 Томас Едисон го прикажал неговиот прв филм а подоцна го изградил и првото филмско аталје во светот.

Томас Алва Едисон  бил американски  техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се: фонографот (грамофонот) ,микрофонот,акумулаторот,електричната светилка, го усовршил телефонот , меѓу првите изградил електрична централа, прв ја применил филмската лента од целулоид и изградил прво филмско ателје во светот.

Како награда за спасување на синот на шефот на железничката станица, 12–годишниот Едисон добил можност да ракува со телеграф. Неколку години работел како телеграфски оператор насекаде низ САД. Успеал да заштеди доволно за да почне свој бизнис. Во сопствената работилница го покажал сиот пронаоѓачки талент. Кон крајот на животот произвел звучни филмови  (1930) од кои подоцна почнала да се емитуваат првите тв програми.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.