7.10.1910 -Роден е Ѓорѓи Абаџиев — македонски писател, публицист и историчар

1907

На 07.10.1910 година е роден Ѓорѓи Абаџиев во Дојран а починал на 2 август 1963 година во Скопје.

Уште како дете со неговите родители, за време на Првата балканска војна, се преселил во Горна Џумаја  (Благоевград). Таму завршил основно образование и гимназија. Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонски литературен кружок (1938-1941) и член на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947).

По враќањето во Македонија во 1948 година , развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институт за национална историја  во Скопје  и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година .

За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.

Сценариото за филмот „МИс Стон “ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.