8 октомври – Големиот еврејски празник Јом Кипур започнува на зајдисонце

1979

Јом Кипур (хебрејски: יוֹם כִּפּוּר, „Ден на покајание) — еврејски празник, кој го означува последниот 10-ти ден од еврејската Нова година.

Ова е празник на прошката за гревовите. Во текот на десетте дена од еврејската Нова година  до почетокот на Јом кипур,човекот кој погрешил треба да отиде кај човекот кому му направил неправда и од него да побара прошка, да каже дека се кае и да плати отштета во висина од 20% до работата која евентуално била одземена од другиот. Притоа, грешникот не може да побара некое општо простување од Бога, туку прошката треба да се добие директно од оној кому му е нанесен гревот. Деновите од еврејската Нова година до Јом кипур се нарекуваат „страшни денови“ во кои времето треба да се поминува во молитва и да се прават добри дела.

Прославувањето на празникот не може да почне додека не се соберат најмалку десет машки глави, постари од 13 години. Јом кипур се прославува 25 часа во текот на кои верниците не треба да јадат ниту да пијат. Цереминијата започнува непосредно пред зајдисонце, кога Евреите палат свеќи во своите домови, по што заминувааат во Синагогата, каде што започнува вечерната молитва. Притоа, луѓето се облечени во бело како симбол на чистотата и не смеат да носат никаква кожна облека или обувки. Во синагогата се изнесуваат свитоци од Тората и започнува молитвата наречена „Сите завети“. При нејзиното траење често се повторува зборот „видуи“, што значи признавање на гревот и се наведуваат сите можни престапи кои може да ги направи еден човек или заедница. Притоа, се бара простување и за народот и за себе, лично.

По службата, луѓето се враќаат дома, а утрото започнува утринската молитва (најдоцна до девет часот), а по неа следат уште четири молитви во попладневните и вечерните часови. Последната молитва се одржува пред зајдисонце и таа е најинтензивна, зашто се верува дека тогаш се затвораат небеските порти низ кои треба да помине молитвата. Потоа се слуша звук на рог од овен ( шофар), со што симболично се означува крајот на празникот. Со тоа завршува постот, а верниците се послужуваат со колачиња, чај и бело кафе.

Јудаизам е религија на Евреите ширум светот со околу 14 милиони следбеници (според податоци од 2005). Јудаизмот е една од првите запишани монотеистички вери и една од најстарите религиозни традиции кои се применуваат денес. Вредностите и историјата на Евреите се голем дел од основата на другите Аврамски религии како самартијанизмот, исламот и христијанството . Јудаизмот е прва монотеистичка религија во историјата и се верува во еден бог – Јахве (Богот Јахве, богот на евреите всушност нема име затоа што Јахве буквално значи ; “јас сум тоа што сум”). Таа настанала во 2 милениуми п.н.е. Јудаизмот претставува основа од која што се развиле христијанството и исламот. Јудаизмот е главно религија на еврејскиот народ, но е присутна во сите континенти и е мултинационална вероисповед. Оваа религија проповеда верување во еден бог кој се вика Бог, но во Стариот Завет е истовремено наречен Јахве, Елохим, Адонај и редица други имиња.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.