Јованка Орлеанка ( 6 јануари 1412- 30 мај 1431 ) — народна хероина на Франција и Светец на Католичката црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.
Во 1429 на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан од Буругдијците, но тие ја заробуваат во 1430 и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
Во 19 век , таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката црква на почетокот од XX век. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.