9. мај Ден на победата над фашизмот-После 75 години Македонија сеуште окупирана од соседните непријателски земји со подршка на Европа и внатрешните квислинзи

899

На 9. мај 1945 година во Берлин, нацистичка Германија  го ратификувала актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05. 1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај, како Ден на победа на антифашизмот, а Европа го присвои како датум кој го одбележува како Ден на Европа , а во истата членува и фашистичката Германија, како и други земји кои го подржуваа фашизмот.

За жал и 75 години после победата над фашизмот во која рамо до рамо учествуваа илјадници Македонци, борци за слобода, сепак Македонија (на сегашниве генерации правилно се чини како да се случува полошо од било кога) и се случува ФАШИЗАМ. Непризнавање на основното човеково право, залудно ставено во сите Устави, Декларации и Светски документи, правото на човекот на самоопределување на нација, јазик и етничка припадност.

Македонскиот народ е ставен пред геноцид, кој  ги уништува вековното постоење на народот, постоењето на Македонската држава а сега и македонскиот јазик, македонскиот културен идентитет. Под притисок на најголемите непријатели на Македонија, отсекогаш Грција и Бугарија, Албанија доволно инволвирана одвантре со албанското национално малцинство и се заради предaвничката улога на Македонската власт во последниве три години, потпомогната од т.н опозиција се  распродаваат националните и државните интереси на македонскиот народ и Македонија.

Тажно и жално е да си вистински Македонец сег, тука во Македонија. Обезвреднет, обезличен, понижен и обесправен  од сите а најмногу од „своите“. Но, си приспомнувам многу години пред овие татко ми секогаш ми велеше : „Немој многу да се декларираш дека во тебе е силно чуството дека си Македонка, ќе имаш многу непријатели“. Не ми беше јасно, но еве живот ми ги разјасни нештата. Оние што најмногу добија од Македонија, тие ја распарчуваат или подржуваат да се распрчи.

А за што?

За влез во НАТО, најзлосторничката воена организација или во ЕУ  за што нема потреба друго да пишувам само ќе го цитирам Големиот писател и човек  Горан Стефановски: “Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!“ Или за лични интереси на неколкумина квислинзи кои отсекогаш биле најголемиот проблем за опстанокот на македонскиот народ и ова парче наша татковина Македонија.

Верувам дека еден ден нештата ќе се сменат затоа што сето ова доведува до бришење на македонскиот народ, историја, јазик, идентитет и култура.

Од освестеноста на народот зависи, затоа што сепак силата е во него!

 

М-р Татјана Гогоска 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.