Кузман Атанасов Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 – 18 март 1909)

242

Кузман Атанасов Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 – Софија, 18 март 1909) — еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари, пишува на Википедија.
Кузман Шапкарев е роден во семејство на сиромашен занаетчија во Охрид на 1 февруари 1834. Завршил основно училиште, но заради сиромаштија морал да го прекине образованието.
До промена во неговиот живот дошло кога му понудиле да го заземе учителското место на неговиот чичко. Така станал учител и учителствувал во Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Кукуш на грчки и бугарски јазик. Тогаш ги запознал Димитрија и Константин Миладинови. По стапките на Димитрија Миладинов, на кого му станал зет, зашто Кузман се оженил со неговата ќерка, почнал да собира народни песни и умотворби. Кога браќата Миладиновци бидуваат затворени, Кузман безуспешно се обидува да им помогне. По нивната смрт, тој отишол да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш.
Во октомври 1893 година заминал за Цариград, испратен од Бугарската егзархија за да биде уредник на планиран бугарски весник таму. Во септември 1884 година заминал за Пловдив, Источна Румелија.[2] Од 1900 година е редовен член на Бугарското книжевно друштво (преименувано подоцна во Бугарска академија на науките).
Кон крајот на својот живот заминал за Бугарија. Починал во Софија во 1909 година.

Обемот и квалитетот на собраниот материјал го вбројуваат Шапкарев меѓу најголемите собирачи на народни умотворби не само од Македонија, туку од целиот Балкан. Во своето творештво Шапкарев се изјаснува како Бугарин по род.
„Зборник на Бугарски народни умотворенија“, Софија, 1891
1866 — „Българский буквар“ (“Бугарски буквар”)
1868 — „Голѣма българска читанка“, втора част на “Българский буквар (“Голема бугарска читанка”, втор дел на “Бугарски буквар”)
1868 — „Кратко землеописание за малички детца“ (“Кратко опишување на Земjата за мали деца”)
1868 — „Кратка священа повестница от ветхий и новий завет“ (“Кратко свештено прераскажување на Стариот и Новиот завет”)
1869 — „Наръчно св. благовествование или сбор от евангелските чтения“ (“Прирачник на св. благовестување или зборник од евангелските читања”)
1870 — „Наръчний св. посланичник или сбор от апостолските чтения“ (“Прирачник на св. посланија или зборник од апостолските читања”)
1874 — „Майчин язик“ (“Мајчин јазик”)
1884 — „Материали за животоописанието на братя Х. Миладинови, Димитрия и Константина. С прибавление нещо и за живота на Нака С. Станишев“ (“Материјали за опишување на животот на браќа Х. Миладинови, Димитрија и Константина. Со прибавување на нешто и за животот на Нако С. Станишев”)
1884 — „Материали за историята на възражданието българщината в Македония от 1854 до 1884 г.“ (“Материјали за историјата на преродбата на бугарштината во Македонија од 1854 до 1884 г.”)
1884 — „Русалии: древен и тврдѣ интересен българский обичай запазен и до днес в Южна Македония“ (“Русалии: антички и премногу интересен бугарски обичај зачуван до денес во Јужна Македонија”)
1885 — „Сборникъ отъ народни старини. Книга III. Български Народни Прикаски и Верования събралъ въ Македония и издава К. А. Шапкаревъ“ (“Зборник од народни старини. Книга III. Бугарски народни приказни и верувања собрал во Македонија и издава К. А. Шапкарев”).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.