Од парискиот музеј“Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година.
Музејот Лувр во Париз — најголемиот музеј во светот. Сместен е во Луврскиот дворец . Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на 8 ноември 1793, за време на Француската револуција. Средишниот двор, во кој се наоѓа Луврската пирамида изградена во 1989, служи како влез во музејот.
Мона Лиза или Џоконда — е безвременска слика изработена со маслени бои, врз табла од топола во текот на 16 век од Леонардо да Винчи и е една од најпознатите слики во западната историја на уметноста. Сликата е во сопственост на Француската влада.