На денешен ден – 356 г.п.н.е е роден Александар Македонски

1052

На денешен ден во 356 п.н.е. во градот Пела, во Егејска Македонија, е роден Александар Македонски. Тој е една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник, кој Македонија ja направил  светска велесила.

Го поразил огромното Персиско царство и во својот поход стигнал до Индија, а умрел во Вавилон, на 13 јуни 323 г.п.н.е. на 33 годишна возраст,иако според разни извори има различни датуми, како за раѓањето, така и за неговата смрт

Александар е син на македонскиот император Филип Втори и епирската принцеза Олимпија. Тој според историските извори се родил на почетокот на месецот хекатомбајон, кој Македонците го нарекувале лоос, и тоа во шестиот ден, кога во Ефес е запален и храмот на Артемида.

Неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија тоа како историска вистина с еповлекува во многу документи каде стојат соништата на Филип и Олимпија коија навестиле силината на нивниот син. 

Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. Истиот ден кога му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите и за победата на неговиот коњ на Олимписките трки.

Александар Велики Македонски е светска личност со македонско потекло кој го одбележи еден краток, но моќен период во светската  и македонската историја.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.