Во Битола се одржа работилница за музички букинг за младите бендови

26
Се реализира првата работилница за музички менаџмент наменета за независната музичка сцена во Битола. Истата се оддржа на 05 мај 2023 година во салата на Кино Манаки – КИЦ Битола, на тема „Како до успешен музички  букинг.“
Претставници од десетина локални бендови, беа запознати со активностите и целите на проектот и веб страната наменета за промовирање на независната музичка сцена. Настанот траеше 2 часа, воден од професионалниот музичар, професор и промотор, директор на џез фестивал Поповски Сашо од Битола. Освен професионалната матрица за букинг, Поповски ги сподели своите искуства од почетоците до денес, што беше охрабрувачо и корисно за младите музичари.  Настанот е дел од  мини проектот; „Зајакнување на независната музичка сцена Битола“ поддржан од MOST , кој има за цел мапирање, профилирање  промовирање на младите независни музичари и групи и подобрување на локалните политики за оваа целна група.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.