МКЦ: Rush to Relax вечерва се враќа во Македонија!

197

24 септември 2021,Скопје

Rush to Relax вечерва повторно во Скопје Овој пат во раширена четворочлена гитарска постава –на Дамјан (вокал, гитара) сега му се придружуваат Јан Цизеј (morvern) на бас гитара, Ерик Керпан (Long Dumb Voices) на гитара, и Васја Онич (ujma) на тапани, тројца музички фанатици од љубљанската инди сцена. Енергичните соло настапи (како оној во МКЦ во 2019, кога Rush to Relax го промовираше истоимениот дебитантски албум) се сега надградени во целосен бендовски израз, па не пропуштајте ја искрената и сурова емоција која е во сржта на Rush to Relax.
Бендот ќе го заврши летото 2021 со кратка балканска турнеја од Пелистер до Триглав во склоп на која ќе настапат и во МКЦ. Во живо очекувајте и неколку нови песни кои ќе се најдат на следниот албум, кој ќе излезе во текот на следната година.
Влезот е слободен. Концертот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање на настани во отворен простор.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.