Пејачката Пинк позитивна на коронавирус- Таа донира но и апелира за поголема ангажираност на американските власти

769

Познатата американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на коронавирусот. Таа исто така објави  дека ќе донира по 500.000 долари на две служби за итни ситуации.

 

 

Пинк во нејзините објави во врска со болеста, наведе дека таа и нејзиниот тригодишен син ги почувствувале симптомите пред две недели а потоа да се тестирале. За среќа  членовите на нејзиното семејство веќе се во домашна изолација и се негативни на Ковид 19.

Пинк потоа ја искористи приликата да ги критикува властите во Америка во однос на распространетоста на тестовите за коронавирус и опасноста што демне на секој чекор .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.