Агнета од АББА наполни 74 години

12

Агнета Фелтског наполни 74 години, на петти април, но фановите дури деновиве масовно ѝ го честитаа роденденот во рамките на годинешната евровизиска еуфорија која што сѐ уште не е стивната.

Таа е шведска пејачка, автор на песни и продуцент, најпозната како членка шведската поп четворка АББА, која е победничка на Евровизија во 1974 година со песната “Ватерло”.

Родена е во Јенчепинг, Шведска

Активен период 1967- 1988, 2004- до сега.

Жанр- Поп, фолк

Инструмент- Пијано

Издавачка куќа- Cupol, CBS Records, Polar Music, Warner Music Group

Родена е на 5. април 1950 година во Јенчепинг, во Шведска, како постара ќерка од двете ќерки на Ингвар Фелтског (1922- 1995) и Биргит Јохансон (1923- 1994).

Нејзиниот прв соло хит се појавил во 1967 година, кога имала само 16 години, а првиот албум, Agnetha Fältskog, излезе во 1968 година. Во 1972 година ја глумела главна женска улога Марија Магдалена – во шведската верзија на мјузиклот Исус Христос Суперстар.

Станала членка на славната група АББА и стапила во брак со еден од членовите Бјорн Улвеус, кого го запознала во 1969 година.

Се венчале во 1971 година и нивната венчавка е прогласена за најпопуларна венчавка во Шведска таа година.

Добиле две деца, ќерката Линда (1973) и синот Питер Кристијан (1977). Една година подоцна Бјорн и Бени во студио ги довеле и своите партнерки, Агнета и Ани-Фрид Лингштад, и АББА почнува со заедничка работа. Ја снимиле првата песна “People Need Love”.

 

АББА во 1974 година победија на Песна на Евровизија со песната “Waterloo”, што ги вивна во ѕвезди, а владееле со светската сцена цели децении.

 

Во 1979 година се разведоа со сопругот а по последниот албум The Visitors, од 1981 година, бендот прекина со работа во 1982 година.

 

Агнета во ’80-тите издаде три соло албуми на англиски јазик, кои беа многу успешни. Во 1982 година е прогласена за најдобра соло пејачка во Шведска. Албумот I Stand Alone го издала во 1987 година, па се повлече од јавност во стил на познатата шведска дива Грета Гарбо.

Во декември 1990 година се омажи за хирургот Томас Соненфелд, со кој нема деца.

 

Своето големо враќање во музиката го направи во 2004 година, издавајќи го албумот My Colouring Book.

 

Албуми

 

Agnetha Fältskog (1968)

Agnetha Fältskog vol. 2 (1969)

Som jag är (1970)

När en vacker tanke blir en sång (1971)

Elva kvinnor i ett hus (1975)

Nu tändas tusen juleljus (1980, со Линд Улвеус)

Kom följ med i vår karusell (1987, со Кристијан Улвеус)

Wrap Your Arms Around Me (1983)

Eyes of a Woman (1985)

I Stand Alone (1987)

My Colouring Book (2004)

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.