Концерт на „Архангел”, за свечено затворање на летната сцена “Славиша Кајевски”

35

На 2. октомври со почеток во 21:00 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар, концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”.
Концертот насловен „Македонски подобро звучи- Едиција 4” е подржан од Министерството за култура на Република С. Македонија и Македонскиот народен театар со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.
Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб- страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.