“Австриски класици во дуо” на 12-ти – SKUPI KamerFest VII

17

Датум: 12-ти септември

Време: 19:00 часот

Локација: Филхармонија, Камерна Сала – Скопје

Влез: Слободен

На 12-ти септември 2024 година, ќе се одржи третиот концерт од програмата на меѓународниот фестивал на класична камерна музика SKUPI КамерФест VII издание. Концертот, насловен “Австриски класици во дуо,” ќе се одржи во Филхармонија, Камерна Сала во Скопје.

На концертот ќе настапат двајца извонредни музичари:

Клеменс Бок (виолина) од Австрија

Кристина Шејхер (пијано) од Австрија

Програмата за вечерта ќе вклучува дела од познати композитори:

– Хендел

– Моцарт

– Шуберт

– Буланже

– Дворжак

Овој настан претставува уникатна можност за љубителите на класичната музика да уживаат во изведбите на двајца врвни уметници од Австрија.

Лек Груби е Уметнички директор на SKUPI KamerFest, организатор е Здружение за Афирмација на Музичката Култура – МУЗА, Скопје

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.