ДИРЕКТОРОТ ПРЕДЛАГА: Гледајте го филмот The Rumba Kings!

31
smart

По повод претстојното издание на реномираниот Оффест, вчера, 30 мај, во Филхармонија кафе-бар се одржа прес конференција.
Фестивалот, по двете поместувања на есен заради пандемијата, годинава се враќа во својот летен термин, за што директорот на фестивалот Оливер Белопета изрази големо задоволство.
Програмата ќе трае од 1 до 4 јуни, во НОБ и МКЦ, со 8 концерти, но она што посебно директорот го нагласи и препорача е документарниот филм The Rumba Kings, кој ќе биде прикажан на Трети јуни во кино “Фросина” од 20 часот.
Постерот оваа година е изработен од Зоран Кардула, откри ПР-от на фестивалот, Костадин Шурбановски.
Како официјални претставнички од настапувачите на пресот зборуваа Добрила Грашеска од дуото “Добрила и Доријан”, на која ѝ претставува особена чест да бидат дел од овој светски фестивал и да ја претстават македонската музика, односно музика која што има македонски корени, и најави дека покрај фантастичниот албум “Апокриф” ќе изведат и нешто ново, додека пак Леа Милиновиќ од групата “Перија” изрази задоволство што овој настап многу ќе значи за оваа наша млада група, која во тестот на своето седумгодишно постоење има два студиски и две ЕП изданија.
“Перија” ќе го отворат фестивалот на Први јуни во НОБ од 20 часот, по нив настапуваат “Добрила и Доријан дуо” .
На Втори јуни од 20 часот во НОБ настапува Балаке Сисоко од Мали а потоа и Лукас Сантана од Бразил. На Трети јуни по споменатиот документарен филм, во Денсинг салата на МКЦ од 22 часот ќе настапат “Лос Пирањас” од Колумбија.
На Четвртти јуни во НОБ од 20 часот прво ќе настапи Марија Мацота од Италија, по неа Ненси Виеира од Кабо Верде. На полноќ, таа вечер, во МКЦ Денсинг салата ќе настапи Сантрофи од Гана.
Ова е едне од нашите најреномираните и надалеку познати фестивали, од областа на културата и музиката.
Валентина Ѓоргиевска Парго


[caption id="attachment_17401" align="alignnone" width="300"]
[caption id="attachment_17397" align="alignnone" width="300"] smart

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.