Гитаристот Горазд Наневски ќе се претстави на фестивалот “Сакура”

120

Фестивал на јапонска култура „Сакура”, кој оваа година се одржува по трет пат, ќе се случи на 1 јуни 2024 година, во Младински Културен Центар (МКЦ), во организација на Јапан@мк.
Ви го претставуваме и младиот гитарист Горазд Наневски кој го најави своето учество во програмата
Имено, станува збор за млад и надежен музички уметник.
Горазд е гитарист, продуцент и композитор роден во Скопје во 2005 година. Зад себе има издадено едно EP под наслов “Kaizen”, како и еден сингл- “Ronin”, дел од албумот “Yugen”. Неговата музика е жанровска мешавина на елементи од progressive, djent и амбиенталниот израз.
На фестивалот Горазд, заедно со неговиот бенд, за прв пат во живо ќе ги свири песните од неговото дебитантно ЕP- kaizen, како и новите синглови од албумот “Yugen”, кој ќе биде достапен до крајот на 2024 година.
Од јапонската култура, најмногу го инспирира нивниот комплексен јазик и терминологија, кој содржи посебни зборови за најразлични принципи, состојби и филозофии, кои за него се многу фасцинантни. Токму затоа, некои од овие зборови се наоѓаат како инспирација и наслов на неговата музика.
Најавува интересен настап со својот бенд.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.