Јане Славов со нови кавери

Во чест на сите дами, Jане Славов го прославува месецот на жената со нов музички проект
Откако неодамна го започна својот соло пат, Јане веќе ги подготви своите први кавери, кои се посвета на понежниот пол. Тој во свој стил се потруди да искаже благодарност до сите дами кои го поддржуваат, а секако на посебно место ја издвои и неговата сопруга.
Македонскиот пејач кој неодамна се раздели од бендот „Фидбек“, Јане Славов активно работи на својата соло кариера и веќе ги презентира новите материјали кои специјално ги подготви за месецот на жената.
Јавноста може да ужива во кавер-верзиите на песните „Покажи ми што знаш“, „Вјеруј у љубав“, „Вјеруј ми“ и „Ноктурно“ во изведба на Јане Славов. Новите материјали се достапни на сите дигитални канали како Фејсбук, Инстаграм, Тикток и Јутјуб.
Покрај бројните ангажмани во локалите ширум нашата земја, Јане за наредниот период подготвува и повеќе авторски проекти со кои ќе ги изненади своите пријатели и обожаватели.
Која од овие песни е ваша омилена?
Март или „Месецот на жената“ е месец во кој повеќето музичари подготвуваат новитети, специјално подготвени за понежниот пол.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.