На 12.12.2024 година концерт на НУ Камерен оркестар на Битола во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола со почеток во 20.30 ч.
Куриозитет за овој настан е изведбата на Концертот за четирирачно пијано од Леополд Кожелух за прв пат во Македонија, во изведба на Марија Вршкова (пијано) и Татјана Божиновска (пијано).
Како дел од програмата ќе биде изведена и Симфонија бр. 5 од Ф. Шуберт. Диригент е Бисера Чадловска.
Влезот е слободен.