Почетна МУЗИКА Концерти 18 јуни: “Пијано рецитал”- Концерт на Зоран Пехчевски

18 јуни: “Пијано рецитал”- Концерт на Зоран Пехчевски

16

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, утре (18 јуни 2024 година), ќе гостува Зоран Пехчевски со неговиот концерт „Пијано рецитал“. Во хотел „Аполонија“- Гевгелија, ќе бидат отсвирани варијации од: Моцарт, Менделсон, Брамс, Пуланк и Капустин. Концертот ќе започне во 20:00 часот, а влезот е слободен.

М-р Зоран Пехчевски е роден на 22.11.1961 година во Скопје. Основното и средното музичко образование ги добил во

МБУЦ „Илија Николовски- Луј“во Скопје, во класата на професор Гордана Бачовска, а класичното образование во Гимназијата „Орце Николов” во родниот град. Во 1987 год., дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Бранко Цветковиќ.

Во 1987 година, се вработил како наставник по пијано во МБУЦ, каде се стекнал со солидно педагошко искуство. Во 1991, година се запишал на постдипломски студии по пијано под менторство на проф. Борис Романов.

Постдипломските студии ги завршил успешно, со оценка 10 и се стекнал со звањето магистер по пијано. Пијанистичкиот израз Зоран Пехчевски го усовршувал земајќи активно учество на бројни меѓународни семинари и мајсторски школи кои, под раководство на проф. Борис Романов, се одржувале во Скопје, Охрид и Пловдив – Бугарија. Во 2006 година, е избран за наставник по пијано во звањето вонреден професор. Концертната активност е пред се поврзана со потребите и дејствувањето во рамките на Факултетот за музичка уметност, а како успешни се забележани неговите настапи, солистички (серија рецитали во повеќе градови низ Р. Македонија, 1994 год.) и ансамбли (Интерфест, 1995 год.). Имал повеќегодишна соработка со Симон Трпчески на многубројни настапи на концерти, кои наидувале на одличен прием кај публиката.

metropolis-big