Концертна промоција на пијано во Националната опера и балет

На 26.02.2025 година во 19 часот во големата сала на НУ Национална опера и балет ќе се одржи концертна промоција на пијано Feurich, донација за Факултетот за музичка уметност – Скопје од г-динот Кочо Анѓушев, во соработка со Австриската амбасада и Н.Е. г-динот Мартин Памер, со сесрдна поддршка на Националната опера и балет и директорот Арсовски,како и Пијано центарот.

Ексклузивен гостин на вечерта е амбасадорот и промотор на македонскатакултура – Симон Трпчевски кој е алумни на ФМУ – Скопје, а ќе настапи сореномирани уметнци и професори од ФМУ – Скопје.

Факулетот за музичка уметност е јадро на музичката едукација во земјата со најдолга историја, која кадровски ги екипира најзначејните институции столбови на македонската музичка култура, македонската Опера и балет, македонската Филхармонија, Националниот Џез оркестар, Битолскиот камерен оркестар, како и наставниот кадар за стручното и општо образование на сите нивоа во Републиката. Препознавањето на значењето на ФМУ – Скопје и поддршката се пресудни за понатамошниот квалитативен подем на музичката и балетска сцена како стожери на културниот развој во Македонија.

Претстои прекрасен концерт, кој ќе биде пример за тоа како треба и може да делуваме заедно за подобра иднина.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.