Куларт кујна – Сезонско мени – Полнети црвени пиперки

891
Искористете ја сезоната пред  рана есен и изобилство на разни зеленчуци и направете ручек овој викенд, кој ќе биде едноставен а гарантирано вкусен.
За полнети пиперки за 4 лица потребни состојки
12 црвени меснати пиперки
500 гр мелено телешко месо
150 грама тенко исецкана сланина
50 гр. маслац
1 главица кромид
1 морков
Подготовка на смесата за полнење
Кромидот ситно исецкајте го ,во него изрендајте го морковот и ставете го на 50 гр маслац убаво да се испржи. Додајте го меленото месо а на крај 2/3 од сланината.Се убаво испржете. Зачини ставете по желба.
Тргнете ја смесата на страна и наполнете ги пиперките .Одозгора ставете по едно парче од сланината и поклопете ги со парчиња патлиџан или доколку сакате посуви со горниот дел од пиперката.
Наредете ги убаво, со малку вода проварете ги на рингла а по 15-тина минути ставете ги во рерна околу саат време убаво да се искрчкаат и малку потпечат.
Можете да ги јадете со кисело млеко или сезонска салата. Секако се вкусни.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.