„Љубојна“, настапија во Тирана

52
Во понеделникот вечерта, 6 јуни  2022,, македонскиот состав „Љубојна“ настапи на фестивалот „Cloud rea“ во Тирана. Концертот беше во коорганизација со фестивалот и македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, поддржан од Општина Тирана. Како што велат од КИЦ-Тирана,
ова беше, веројатно еден од најубавите концерти на „Љубојна“ во нивната богата кариера. „Пред многубројна публика во центарот на Тирана се случи вистинско чудо, луѓето, слушајќи ја нивната музика, цели два часа играа во транс. Се редеа разновидни македонски и балкански мелодии, публиката и после два часа не сакаше да го напушти местото каде што се одржуваше концертот“, информират од македонскиот КИЦ. По концертот, групата „Љубојна“, имаше средба и ,,jam sesion,, со музичарите од „Tirana Tirona, all stars“, позната група од Тирана.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.