„МАЛИОТ ПРИНЦ“ – Книга на сечие детство

Без разлика на кое време припаѓаме, секогаш сме се прашувале дали навистина кралот на змиите го проголтал слонот или дали сепак станува збор само за шапка. Ја сакавме неговата роза, ги замислувавме неговите баобаби и се прашувавме каква ќе биде неговата судбина на крајот. Цело ова време, момчето со златна коса едноставно постоеше. Го читавме како деца, им го читаме на нашите деца и ќе им го читаме на нашите внуци. Вечниот „Малиот принц“, кого секое дете во нас го памети.

Верувале или не! Ова безвременско дело од Антоан Де Сент Егзипери, кое е создадено во 1943 година, се рангира на третото место во светот по број на распродадени книги, веднаш по Библијата и Марксовиот „Капитал.

Постојат информации кои велат дека е продадено во повеќе од 80.000.000 примероци!
Што се однесува до литературниот свет, „Малиот принц“ ја носи титулата најдобро дело на 20 век, создадено на територијата на Франција. Преведено е на дури 250 светски јазици и дијалекти.

Чудните дрвја наречени баобаби, кои Малиот принц морал да ги отстранува секое утро, за да не ја проголтаат целата планета со своите корени, всушност претставуваат метафора за нацистите, кои се обидувале да го заразат целиот свет со своето зло. Патем, баобабот е вид дрво чија старост е дури и повеќе од илјада години, а најпознатото живеалиште на овие џинови е далечниот Мадагаскар.

Интересно е да се истакне дека со текот на годините низ целиот свет се дизајнирани над 2000 различни илустрации за предната корица на оваа книга.

Пред да се воведе еврото како единствена европска валута, на француската банкнота од 50 франци се наоѓаше ликот на писателот Антоан де Сент Егзипери, кој влезе во аналите на француската и светската литература како творец на оваа книга за деца, која има моќ да ги натера дури и многу постарите луѓе да размислуваат. На банкнотата се наоѓаше и познатото русокосо момче кое стои на својата мала планета.

Лојалниот придружник на принцот низ неговите животни авантури, ликот на малата лисица, беше инспириран од видот пустинска лисица „Фенек“, која, покрај тоа што живее во суровата Сахара, се карактеризира со екстремно големи уши. Името Фенек е всушност арапски збор што значи лисица.

Тематскиот парк, отворен во 2013 година во Франција, пронашол инспирација во ова класично дело од детската литература. Забавата беше дизајнирана да потсети на познатата реченица од книгата, која вели дека „сите возрасни прво биле деца“.
Малку е познато дека авторот на книгата сакал да биде писател, но и пилот, уште од рана возраст. Учествувал во Втората светска војна како пилот на страната на сојузниците и загинал во воздух во 1944 година.

преземено:10naj.com

фотографии: kupindo.com; aska.rs

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.