26.09.2024
Познатата грчка пејачка и некогашна голема евровизиска ѕвезда Маринела (86) сред концерт доживеа мозочен удар и е хоспитализирана на интензивна нега во атинска болница, каде се бори за живот.
Пред два дена доживеа силен мозочен удар пеејќи на концерт во преполниот атински „Одеон“, во подножјето на Акропол.
Својата татковина ја претставуваше на Песна на Евровизија во 1974 година и стана една од евровизиските ѕвезди, во годината која на натпреварот во Брајтон победи шведската група АBBA со хитот „Waterloo”.
Маринела е нејзиното естрадно-уметничко име, а вистинско име и презиме е карактеристично грчко: Киријаки Пападопулу. Важи за една од најпопуларните грчки пејачки, ја нарекуваат и грчката Селин Дион.
Има издадено рекордни 66 соло ЛП-албуми.