,,Ме боли” – заедничка песна на Мијата и “Фолтин”

28
Поп пејачката Мијата ја претставував својата најнова песна, насловена „Ме Боли“ а која е музичка соработка со, како што вели таа, нејзините франкофонски побратими од Битола, групата “Фолтин”. 
-Станува збор за моја авторска француско- македонска шансона, со наш заеднички органски аранжман, снимена во студиото “Алшар” во Скопје. Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се “Фолтин”, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував,  и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет. Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов “C’est joli“ а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde,  Француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот. Видео записот се случи во соработка со Универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, мојата сестра, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата. Се надевам дека оваа песна ќе ја разубави пролетта и ќе нѝ даде еден француски шмек, вели пејачката и изразува благодарност до: Универзитет Европа Прима,  Француски Културен Центар, Драмски Театар
 
.
 
https://youtu.be/bz70wpxHkPo
 
музика и текст: Мијата
аранжман: “Фолтин” и Мијата
аудиоинженер и микс: Ивица Јанкуловски
снимено во Алшар студио  во Скопје
 
Видео- женски и машки лик Јелена Мијатовиќ
снимател, директор на фотографија, колор и монтажа: Бојан Секулоски, 
идеја и режија: Јелена Мијатовиќ и Мијата
шминка и мејкап трансформација: Марина Станковска од Студио Инфинито,
снимател на видео материјал во студио Алшар: Кире Мирчовски
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.