“Мис”Јовановска, убавица која го освојува ТВ екранот!

585

!

Едно ново младо лице го краси тв екранот, со прилозите кои ги прави за естрадниот магазин “Бекстејџ”. Станува збор за убавица, балерина, актерка, со голем број успеси зад себе.
Ни раскажува што се случувало од сам почеток…
– Уште од мали нозе бев многу љубопитна, ме интересираше се, особено уметноста, затоа и балетот беше мојата прва љубов. Во балетските води стапнав кога имав само пет години, а и ден денес се уште професионално се занимавам со танцот, односно мојата пасија. Како посебен момент од тие 13 години истрајност и љубов кон балетот можам да го издвојам моето учество на натпреварот за танц “Danzainfiera” кој се одржуваше во Фиренца, Италија, каде што заедно со мојата група од балетското студио “Менада” успеавме да бидеме рангирани во листата на топ 10. Верувале или не балетот ми помогна и во манекенството, иако навидум тие две дејности не изгледаат поврзани, се потсетува.
На изборот за убавина The Miss Globе ја освои титулата втора придружничка за Miss Talent Globe,тоа беше нејзиното прва титула а воедно прво учество на избор за убавина, а потоа следувале и други.
– Кога зборуваме за манекенството,јас како дел од модното студио “Црнокрак” учествував и на изворот за убавина Miss Eurasia каде што ја освоив титулата Face of the future како најдобра од помладите учеснички. Освен балетот и манекенството, актерството навистина ми го привлекуваше вниманието уште како дете. Долги години успешно газев на театарската сцена, и навистина би сакала во иднина да продолжам со актерството онаму каде што застанав. Гитарата пак е нешто со кое имам посебна конекција, симпатија која не може да избледе. Го зазедов првото место на државниот натпревар по гитара, момент кој секогаш ќе ми биде врежан во сеќавање, се исто така моменти од успешната кариера на младата скопјанка.
А сега?
-Во моментов мојот главен фокус е насочен кон новинарството, како новинар во телевизискиот естраден магазин “Бекстејџ” . Љубовта кон новинарството и камерите ја открив кога имав 12 години, како водител и уредник на детската емисија “Детска Соба”. Тоа искуство ми помогна за денес да бидам онаму каде што сум и новинарството да стане моја професија. Планирам на моите 18 години да се усовршам како новинар стидирајќи ја таа дејност, па можеби и да бидам водителка на емисија, тоа времето ќе покаже. Се разбира дека не се откажувам од уметноста така лесно, би сакала да отворам сопствено балетско студио каде што ќе го пренесам своето знаење на малите балеринчиња. Доколку ми се пружи прилика да бидам актерка во некој филм или театарска претстава, дефинитивно не би ја пропуштила. Планирам во блиска иднина повторно да учествувам на избор за убавина. Морам да го потенцирам и уделот на мојата мајка, која има важна улога во она што сум, и она во кое што ќе се изградам во иднина, вели младата тв водителка Ева Јовановска, а ние и веруваме, со оглед на сите досега постигнати успеси.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.