„МЛАДИНСКИ МУЗИЧКИ МАРАТОН“ на 15 ноември

137
 МЛАДИНСКИОТ МУЗИЧКИ МАРАТОН“ ќе се реализира во Музеј на македонската борба на 15.11.2021 година, со почеток во 20 часот.
Програма :

 J. S. Bach – Third cello suite – Prelude

R. Dyens – Saudade no.3

Виктор Драганов е роден 2000 година во Скопје. Основното музичко образование го стекнува во ДМБУЦ Илија Николовски – ЛУЈ – Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески. Средното музичко образование се продолжува во ДМБУЦ Илија Николовски ЛУЈ – Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески. Моментално е втора година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески. За време на своето образование учествувал на бројни државни и меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Хрватска, Германија каде освоил 7 први, 5 втори и 4 трети награди. Учествува во повеќе летни и зимски школи за гитара во Охрид, Суботица, Пореч и Плевен. Има посетувано мастер класи кај професорите: Џевдет Сахатџија, Павел Штајдл, Зоран Аниќ, Срѓан Тошиќ, Ливиу Георгешчу, Никола Монтела, Слободан Миливојевиќ, Росен Балкански, Стела Митева-Динкова, Антонио Фручела.
Ивона Базгалоска е родена 1999 година во Охрид. Нејзиното патување низ уметноста го започнува на пет годишна возрасткај професорот Гоце Гаврилоски. Првата етапа од музичко образование јазапочнува во ОМУ ,,Методи Патче” во Охрид, во класата на професорот Даниел Чуркоски,каде се закитува со титулата првенец на генерација. Во 2014 година се запишува во средното музичко училиштеДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј” во Скопје, во класата на проф. Д-р Нина Костова Јаневска и е под менторство на истакнатите руски педагози проф. Борис Романов и проф. Људмила Романова, чија што соработка продолжува за време на студиите.Ивона е студент на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Д-р Нина Костова Јаневска. Редовно настапува на концерти, учествува на меѓународни и државни натпревари исеминариДобитник е наголем број награди и признанија. Нејзиното натпреварувачко искуство бележи седум специјални први награди и бројни триумфи на државно и меѓународно ниво, а позначајни се наградите од натпреварите: ,,Music Prospect” во Москва; ,,Еuterpe” во Корато; ,,Golden Classical Music” во Њујорк; ,,Grand Prize Virtuoso” во Лондон и други. 
Во 2011 и 2012 година учествува на семинарите од проф. Борис Романов и проф. Људмила Романова. Истотака учествува и насеминаритеодпроф. Арбо Валдма и проф. Клаус Шилде. Во 2018 година избрана е за ученик на годината во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј” и наградата и е доделена од страна на семејството на Илија Николовски- Луј. Одржува редовно солистички концерти во Скопје и во Охрид меѓу кои еден од позначајните е концертот во црквата„Св. Софија“, Охрид во 2018 година, како иконцертот заедно со виолинистот Александар Иванов на фестивалот ,,Златна лира” во Скопје. Исто така има два пати настапено како солист со оркестарот на Македонската филхармонија, во 2015 година под диригентската палка на маестро Борјан Цанев и во 2017 под диригентската палка на маестро Ле Фи Фи.
Вероника Караколева е родена 2000 година во Велес. Уште од мали нозе кај нејзе се појавува огромна љубов кон музиката, така што на 6- годишна возраст , станува ученичка во Музичкото училиште “Киро Димов”, денешно ООМУ “Стефан Гајдов”. Тука започнува да го изучува инструментот виолина. После завршувањето на основното училиште,  во 2015 година,  го продолжува музичкото образование во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” – Скопје, во одсек- музичар теоретичар, со изборен предмет- соло пеење, во класата на Проф. Светлана Донковска. Со изучувањето на музиката, кај нејзе се раѓа љубовта кон класичното пеење, па така почнува да ги развива своите пеачки способности, а подоцна во 2015 година на “Државниот Натпревар на млади музичари за средно музичко образование” добива две први и една втора награда. Во 2016 година повторно на Државниот Натпревар добива три први награди во одсекот – соло пеење на ниво на цела Македонија. Истата година, на натпреварот “Deveti Međunarodni Muzićki festival” во Аранѓеловац- Србија, доделена е диплома, за освоена трета награда во категоријата соло пеење. Понатаму следува нејзиниот голем и смел чекор, со само 16 години да го одржи својот прв  солистички концерт на 16.12.2016 год. во салата “Бели Мугри” во родниот град- Велес, со едночасовен програм. Во 2017 година на “Фестивал словенске музике” ја претставува Македонија во Белград-Србија и доделена и е диплома пофалница за соло пеење. Истата година се случува едно од нејзините најважни и најзначајни животни искуства и постигнувања- доделена и е диплома за специјална награда со освоени 100 поени во категоријата соло пеење на International Competition of classical music “Art in – Veles” – Macedonia. Подоцна, кога заврши со средното образование, продолжи и понатаму да се надоградува, во Академијата “Проф. Панчо Владигеров” – Софија, Бугарија во класатанаПроф. д-р МариаБелчева.Сега e четврта година во Академијата и продолжува да се усовршува на полето на класичната музика и тоа со голем број концерти во и надвор од Македонија. 2020 година стана солист на Градскиот камерен оркестар и солисти од Велес, а  учествува и на концертот на Велешкото Културно лето 2020 и во 2021 исто така.
Концертот за време на 57-мите поред Рационови средби 2020 година. Во 2021 година настапува како солист заедно со симфониски оркестар на Враца.
Милан Дучевски е роден во Скопје во 2005 година. Музичкото образование го започнува на пет годишна возраст во приватното музичко училиште Пијано Форте, во класата на Маја Стојановиќ-Крстиќ. Во 2020 година, се запишува во средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата по пијано на Огненка Герасимовска-Димитровска. Својот прв соло настапго одржа на 22 јуни 2020 година во Пијано Центарот во Скопје.
Добитник е на повеќе признанија и награди на државните натпревари, меѓу кои сепризнанието „Музички надежи„за најдобри натпреварувачи на меѓународниот фестивал Полихимнија Скопје 2020, прва награда на меѓународниот фестивал Полихимнија Скопје 2021, прва награда на меѓународниот натпревар на млади пијанисти Гевгелија 2015, I награда на ЕПТА МК 2014. Од меѓународните награди се издвојуваат:I награда на меѓународен натпревар Меморијал „Душан Протиќ“ во Белград,Србија, 2015 година;I награда на меѓународен пијано натпревар „Славенски“ во Нови Сад, Србија, 2015 годинаIII награда на меѓународен музички натпревар „Млади музичари“, во Тревизо, Италија, 2016 година; II награда на меѓународниот натпревар „ВИВА ПИЈАНО„ во Софија, Бугарија, 2019 година.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.