Модерно и удобно-Летните обувки постојан предизвик

1360

Летото е време кога ви се потребни удобни но модерни обувки, затоа што прошетките се почести а излегувањата поинтересни. Обувките треба да го дополнат вашиот моден стил за било каква пригода, но треба да бидат ем впечатливи ем удобни.

(1)8-vidovi-letni-obuvki-koi-g-povreduvaat-vashite-noze-kafepauza.mk

За дневните долги прошетки во порнаите утрински часови или во летните приквечерини потребни ви се лесни, удобни, на рамна подлога но, впечатливи обувки. Секако треба да се прилагодливи на вашата чанта, некој моден додаток или парче од облеката што го носите

Отворени сандали и влечки– Покрај рамните еспадрили и патики, може да носите и влечки (отворени) и сандали, но да бидат со не многу висока потпетица (обично плутаните се многу удобни) и ем  ви даваат леснотија ем моѓете да изгледате шик.

Еспадрилите се најкористени летни обувки отсекогаш. Тие се удобни, ги има во најразлични бои и се лесни за комбинирање. Погодни се и за преку ден и за навечер и со најразлични парчиња на облека, без разлика дали носите фустан, здолниште, бермуди или фармерки.

Апостолки– тие се корисни за плажа, за лесно облекување/соблекување, отпорни на вода ..едноставно многу корисни за во лето. Ги има во различни бои и дезени и можете убаво да ги искомбинирате. Но, мора да имате на ум дека заради тоа што имаат тенка подлога, ногата ви се заморува брзо, па можете да ги комбинирате на одмор или за кратки градски релациии

 

Сандали на штикла -Тие може да ги користите за вечерни излегувања, за да бидете впечатливи, добро искомбинирани со некој горен дел од облеката или ефектен додаток. Во летните вечери ваквата обувка не поминува незабележано.

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.