Влатко Стефановски на турнеја во БИХ

Почнувајќи од 23 октомври, во Бијељина, Влатко Стефановски ќе одржи турнеја низ Босна и Херцеговина. Познатиот гитарист следниот ден ќе свири во Тузла, на 25 октомври во Сараево, на 26 октомври во Мостар, а турнејата ќе ја заврши на 27 октомври во Зеница.

Стефановски ќе биде придружуван од Иван Кукиќ на бас, Јан Стефановски на тапани и Дамир Имери на клавијатури. Организатор на турнејата е продукцијата „Мјузик тајм“.

Стефановски со своето трио ќе настапи на новото издание на музичкиот фестивал Скрим, што ќе се одржи на 1 ноемеври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на продукцијата „Прагма“. Ќе настапат и српските групи „Рибља чорба“ и „Галија“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.