Вечерва, од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата солистички концерт ќе одржи пијанистката Дуња Иванова. Публиката ќе има можност на концертот да слушне циклусот „10 пурпурни ноктурна за пијано“ од композиторот Давор Јордановски.
Програмата ги опфаќа десетте пиеси од циклусот, дела што ги спојуваат лиричноста, модерната хармонска мисла и впечатливата звучна естетика на авторот. Овој концерт претставува прва целосна изведба на циклусот во живо по неговото студиско издание.
Влезот е слободен.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.

































