Џез и фолклор на отворањето на „Есенските музички свечености“

„Есенските музички свечености“ своето 25. издание свечено ќе го отворат на 25 октомври, во малата сала на Филхармонија. Ова е еден од најзначајните настани на македонската концертна сцена. Оваа година, отворање ќе го одбележи концертот „Македонски сновиденија“ во изведба на Македонскиот национален џез оркестар, под диригентство на Владимир Николов.

Делото „Македонски сновиденија“ е енергична фузија меѓу македонскиот фолклор и современ џез, каде што традиционалните ритми и мелодии се преточуваат во современ музички израз.

Македонскиот национален џез оркестар, основан во 2024 година како национална институција, веќе е етаблиран како централна сила во македонскиот културен свет. Со своите иновативни програми и распродадени концерти, оркестарот се позиционира како национален џез бренд, кој ја негува домашната музичка традиција, но и соработува со врвни светски уметници.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.