6 ноември -Концерт на Националниот џез оркестар и пионерите на џез-фјужн жанрот – 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀!

Nа 6 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во
Националната опера и балет Националниот џез оркестар ќе одржи концерт  заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот – 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀!Диригент на концертот ќе биде единствениот 𝗕𝗼𝗯 𝗠𝗶𝗻𝘁𝘇𝗲𝗿, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари.

Угледното списание 𝐽𝑎𝑧𝑧𝑇𝑖𝑚𝑒𝑠 ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен
состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат
инспирација од fusion, post-bop и современиот џез.“
Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, Yellowjackets се етаблираат како
еден од најзначајните и најпочитуваните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени
албуми, две престижни Греми награди и безброј распродадени концерти ширум светот,
Yellowjackets оставија зад себе музичко наследство што постојано се обновува и
инспирира нови генерации музичари и љубители на џезот.


На сцената ќе ги видиме 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀 во нивниот актуелен состав: 𝘙𝘶𝘴𝘴𝘦𝘭𝘭 𝘍𝘦𝘳𝘳𝘢𝘯𝘵𝘦
(клавијатури и пијано), 𝘉𝘰𝘣 𝘔𝘪𝘯𝘵𝘻𝘦𝘳 (саксофон), 𝘋𝘢𝘯𝘦 𝘈𝘭𝘥𝘦𝘳𝘴𝘰𝘯 (бас) и 𝘞𝘪𝘭𝘭 𝘒𝘦𝘯𝘯𝘦𝘥𝘺
(тапани).
Билетите за концертот може да се набават online на MKTickets и на продажните места на
МКТикетс.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.